Бесими во Брисел на средби со еврокомесарите Вархеји, Џентилони и Хан
Министерот за финансии Фатмир Бесими од денеска до четврток престојува во работна посета на Брисел, во рамки на која ќе оствари средби со комесарот за соседски политики и преговори за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, со комесарот за економија, Паоло Џентилони, комесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан и со заменик-генералниот
За време на посетата, како што информираат од Министерството за финансии, ќе се дискутира за планот за економски раст, за економските реформи, како и за економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, а во чии рамки e и Република Северна Македонија.