Беше 13-ти тенисер во светот, сега покажува како фрла бомби со дрон


Украина- Александар Долгополов, некогаш светски познат тенисер, се бори во украинската армија во војната против Русија. Поранешниот 13-ти тенисер во светот моментално е пилот на дронови со кои фрла бомби врз руски цели. На своите социјални профили тој сподели видео на кое вежба бомбардирање со дрон.

„Со вежба до совршенство. А коментарите на моите другари се бесценети“, напиша Долгополов.

Пензионираниот украински тенисер има 36 години, а во кариерата освои три шампионски титули – Буенос Аирес во 2017 година, Вашингтон во 2012 година и Умаг во 2011 година. Кога Русите ја нападнаа украинската територија, најуспешниот украински тенисер се приклучи на украинската војска и се откажа од тенисот.

„Војната е огромен хаос. Тенисот некако ме подготви за војна. Мора да бидеш смирен под притисок и да реагираш брзо и прецизно, да донесеш правилни одлуки. Не паничам, многу техники во тенисот можат да се применат и во војна. Погрешните одлуки во војната можат да чинат животи“, рече Долгополов во претходното интервју.