Беса во „инспекција“ на неисполнетите ветувања на ДУИ


Младинскиот форум на Беса, чекор по чекор, ќе ги следи сите неуспеси на ДУИ и ќе биде моќен глас за манипулациите на ДУИ и владата, кој секој ден ја губи довербата кај граѓаните поради неисполнување на изборните ветувања – соопштија денеска од опозициската партија. Младинскиот форум на оваа парламентарна партија организираше денеска пародија, исмевајќи ги најавите на ДУИ за пуштање на автопатот Скопје – Блаце.

-Иако илјадници пати функционерите на ДУИ ветија изградба и пуштање во употреба на автопатот Скопје – Блаце, до денес такво нешто не е реализирано. Високи функционери на ДУИ честопати го посетувале ова место, лажејќи нè дека наскоро ќе биде во функција и ќе ги поврзе Северна Македонија и Република Косово. Нивните празни ветувања сега завршуваат, затоа што дури и нивните чести лаги се трошат – велат од Беса.

Од партијата на Билал Касами посочуваат дека се тука за да ги пресечат лентите на неуспеси на ДУИ.
-Знаејќи дека конкуренцијата е голема за сечење на лентата, ги повикувам мирно да ја пресечат црвената лента и да го решат овој повеќегодишен проблем.Инаку, ДУИ е позната и како „субјект на црвена лента“ затоа што многу проектни ленти се исечени, но за жал не се завршени – оценуваат од Беса.