Беса тврди дека ДУИ врши притисок врз гласачите


Функционерот на Беса, Аријанит Хоџа, обвини дека некои од врвните луѓе на ДУИ вршат притисок врз гласачите да размислат за кого ќе гласаат.

„Гледам дека некои функционери на ДУИ почнаа да вршат притисок врз гласачите со фразата што е веќе позната во овие 18 години: ‘Ќе видите вие после изборите’.

Апелирам до вработените во јавната администрација, наставниците, професорите, лекарите, невладините организации, сите други на кои може да им се закани ДУИ, воопшто да не се плашите, затоа што ДУИ ја изгуби својата моќ, исто како што ќе ја изгуби власта по 15 јули. Поминаа деновите кога можеше да им се заканува на интелектуалци и професионалци. Можам да ве уверам дека со движењето Беса во следната влада, сите ќе се чувствуваат безбедни во дејноста и на нивното работното место“, напиша Аријанит Хоџа на Фејсбук.