Беса поднесе кривична пријава против АВМУ


Движењето Беса поднесе кривична пријава против Агенцијатa за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и претседателот на Советот на АВМУ Лазо Петрушевски поради пречекорување на овластувањата и злоупотреба ма службена должност.
За поднесувањето на кривичната пријава информираше преку објава со Фејсбук статус генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа.
– Денеска во името на Движење БЕСА поднесовме кривична пријава против АВМУ, заради пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службена должност, сакајќи да му наштети на Движењето БЕСА, кое е четврта партија по големина, односно втора поголема опозициска партија од резултатите на парламентарните избори од 2016 година. На остатоците од режимот ВМРО-ДУИ нема да им се дозволи да направат нови преседани со толкување на законите по нивата лична желба или нивните партиските наредби, истакнува Хоџа.