Берзата го прекина тргувањето на еден час


Македонската берза денес го прекина на еден час тргувањето, откако берзанскиот индекс МБИ 10 се намали за 7,06 отсто, и достигна 4.000,93 поени.

„Имајќи го предвид падот на индексот МБИ10 од  7,06 отсто, а согласно член 58а од Правилата за тргување, Македонска берза во 10:25:45 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 60 минути. За продолжувањето на тргувањето ќе бидете дополнително известени“, соопшти Берзата.

Веднаш потоа Берзата најави дека тргувањето продолжи во 11:26 часот, како и дека официјализација на денот на тргување ќе биде во 14:30 часот.