Берлин: Со автомобил покоси група луѓе на плоштад


 

Возач на патнички автомобил утрово со своето возило повреди седум лица во Белин, кога, без кочење удрил во група луѓе на градски плоштад.

Според германските медиуми, возачот на автомобилот покосил група луѓе на плоштадот „Харденбергплац“.

Едно лице е прегазено, а се нашло под автомобилот кога застанал, па морало да го реанимираат.

Седуммина се здобиле со полесни и делумно тешки повреди.

Возачот на автомобилот е уапсен, а заднината на случајот не е позната.