Берлин се подготвува за национализација на „Роснефт“ во Германија


Германската Влада се подготвува за евентуална национализација на имотот на руската компанија „Роснефт“ во Германија, во кој е вклучен и уделот во рафинеријата „Швед“, соопштија два неименувани владини извори.

Според весникот „Ханделсблат“ германското Министерство за економија веќе ги прави потребните подготовки, а во разговорите пред три дена учествувале и претставници на руската групација.

Весникот посочува дека сè уште не е донесена одлука дали се ќе биде завршено со формалната процедура за национализација.

Берлин го стави под надзор имотот на „Роснефт“ во Германија, вклучително и нејзиниот удел од 54,17 процент во берлинската рафинерија „Швед“, во септември 2022 година, по рускиот напад врз Украина. Надзорот, оттогаш е продолжен двапати, кој истекува во март, кога Владата треба да донесе нова одлука.