Берлин купи 670 стана на алејата „Карл Маркс“ од приватен сопственик


Сојузната држава Берлин откупи 670 стана на историската алеја „Карл Маркс“ од приватен сопственик по децении на приватизацијата на имотот во германската престолнина.

Престижниот проект од 1950-тите за социјалистичката Источна Германија, големиот булевар кој се протега од центарот на градот до Фридрихшајн на исток, е прва линија на долгогодишна борба за гентрификацијата и зголемувањето на цените на имотот.

Борбата избувна минатиот ноември, кога фирмата за управување со имоти „Предац“ ја објави својата намера да изврши растоварување на 700 стана на најголемата компанија за имот во Берлин, „Дојче вонен“.

Плашејќи се да не пораснат кириите, станарите организираа протестни маршеви и закачуваа транспаренти на нивните станови, за најпосле да го притиснат градскиот сенат да ја блокира продажбата.

По неколкумесечните законски расправии, Сенатот во понеделникот потврди дека три блока, кои содржат повеќе од 670 стана, ќе бидат купени од страна на државната компанија за домување „Гевобаг“.

Иако цената на продажбата не беше потврдена од двете страни, потегот за ренационализација на објектите на алејата најверојатно ќе чини поскапо, со проценки кои се движат помеѓу 90 и 100 милиони евра.

Берлинскиот градоначалник рече дека овој потег укажува на поширока стратегија за повторно враќање на станбениот фонд продаден на приватни инвеститори во 1990-тите, по брзите зголемувања на трошоците за изнајмување во градот во последниве години. (Гардијан)