Бензините поскапи за половина денар, дизелот со иста цена

Од полноќ за половина денар се зголемуваат цените на бензините, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остануваат со иста цена и во следните седум дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно ова, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60 денари за литар, а  ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 62 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,251 денари за килограм  и ќе изнесува 26,531 денари за килограм.

Со оваа одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,52 проценти во однос на минатонеделната одлука.