Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, цената на дизелот останува иста


Цените на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за денар и половина за литар и со тоа малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 67 денари за литар, додека малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 69 денари за литар.

Малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство остануваат исти и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.