Бензема за „Златната топка“: Не можев да се претставам подобро со клубот


Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема одговори на прашањето за Златната топка по освојувањето на Лигата на шампионите. 

– Ја завршив сезоната. Мислам дека не можев подобро со клубот. Во секој случај, горд сум на постигнатото. На целиот свет му одржавме лекција и покажавме дека сме живи, дека сме тука. Да видиме што ќе се случи со „Златната топка“, бидејќи имам трофеи и други достигнувања на теренот, изјави Бензема. 

Со Реал Мадрид оваа сезона Бензема ја освои Ла Лига, Лигата на шампионите и Суперкупот на Шпанија.  

Карим стана најдобар стрелец во шпанското првенство (27 гола) и Лигата на шампионите (15 голови). Триесет и четиригодишниот напаѓач оваа сезона постигна 44 гола и даде 15 асистенции на 46 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања.