Бенитез пред враќање во Челзи


Тренерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, може да се врати во Челзи, објавија шпански медиуми. Според „АС“, сопственикот на лондонскиот клуб, Роман Абрамович, нема најдено замена за Маурицио Сари, а според изворот, Рафаел Бенитез е решението за испразнетото тренерско место.

Италијанското издание на „Тутоспорт“ тврди дека соодветните кадровски екипирања во Челзи ќе се случат во следните 48 часа.

Педесет и девет годишниот Бенитез, веќе работеше во Челзи каде беше тренер од 2012 до 2013 година. Со „сините“ шпанскиот стручњак ја освои Лига Европа.