Бенфика сака 200 милиони од Реал за Феликс


Понудата на Реал од 80 милиони евра за напаѓачот на Бенфика, Жоао Феликс, не е прифатена од португалскиот клуб, тие бараат 200 милиони.

 „Кралскиот клуб“ во својата понуда ја вклучила и опцијата за позајмување на една година во Бенфика на 19 – годишниот фудбалер, откако ќе го купат.

 За Феликс интерес покажа и Атлетико Мадрид, кој е подготвен да плати 120 милиони евра, колку што чини откупната клаузула за Антоан Гризмамн кој заминува во Барселона.

 Клубот од Лисабон ќе се обиде да ја крене цената на својот играч, па ќе му понуди договор со кој ќе биде потпишано обесштетување од 200 милиони евра.