Бенџамин Кеуф, синот на Лиза Мари Присли и внук на Елвис Присли се самоуби на 27 години


САД-Бенџамин Кеуф, син на актерката Лиза Мари Присли и внук на кралот на рокенролот Елвис Присли, почина на 27 години.

Менаџерот на Лиза Мари Присли, Роџер Видиновски, ја потврди смртта.

„Нејзиното срце е скршено,потполно е уништена. Но, се обидува да остане силна за нејзините 11-годишни близнаци и нејзината најстара ќерка Рајли. Таа го обожаваше тоа момче. Тој беше љубов на нејзиниот живот “.

Бенџамис со сестра си (прва од лево), баба си Присила и мајка си Лиза

Таткото на Кео е пејачот Дени Кеуф, а неговата сестра е пејачката Рајли Кео (31).

TMZ пренесува дека Кеуф се самоубил со пиштол.