Белоруската полиција најави и употреба на боева муниција за да ги смири протестите


Протестите во земјата стануваат радикални. Во овој поглед, безбедносните агенции се подготвени, доколку е потребно, да користат специјална опрема и воено оружје. Ова го изјави првиот заменик министер за внатрешни работи на Белорусија Генадиј Казакевич.

Според Казакевич, Министерството за внатрешни работи забележува бледнеење на протестното движење во регионите, но тие се селат во Минск и стануваат порадикални. Доказ за тоа е неделниот марш во Минск.

„И дење и навечер летаат камења, шишиња, ножеви, а во ноќта – барикади и запалени гуми. Тоа нема никаква врска со граѓански протест. Се соочивме не само со агресија, туку и со групи милитанти, радикали, анархисти, фудбалски навивачи, обиди да се повторат настаните од почетокот на август“, рече Казакевич.

Претставникот на Министерството за внатрешни работи е сигурен дека „тие се обидуваат да ја втурнат Белорусија во хаосот од 90-тите“ и „да ја натераат да оди по патот на републиките што ги преживеаја обоените револуции“.

„Во име на Министерството за внатрешни работи изјавувам: нема да ги напуштиме улиците и ќе обезбедиме ред во земјата. Вработените во телата за внатрешни работи и службениците на внатрешните трупи, доколку е потребно, ќе користат специјална опрема и воено оружје“, рече Казакевич.

Во меѓувреме, белоруските власти ослободија двајца опозициски активисти откако претседателот Александар Лукашенко се состана со нив и со уште 10 други затворени опозициски фигури.

Белорускиот државен телевизиски канал Белорусија-1 доцна на 11 октомври соопшти дека Јуриј Васкрасенски, член на изборната кампања на поранешниот потенцијален претседателски кандидат Виктар Бабарико и Дмитриј Рабцевич, директор на компанијата „ПандаДок ИТ“, биле префрлени во домашен притвор.

Бабарико, банкар што некогаш се сметаше за најтежок ривал на Лукашенка на изборите на 9 август, беше спречен да се кандидира и беше затворен пред гласањето.

Телевизиската програма го покажа Васкрасенски, кој рече дека откако Лукашенко се состана со затворените опозициски фигури на 10 октомври, од него лично било замолено „да ги подготви своите придонеси во врска со уставните измени и да дефинира услови за ослободување на некои лица“, кои како што рече водителот на телевизиската програма „се покажа дека не се толку опасни како што се мислеше претходно“.

Белоруските опозициски фигури ја опишаа посетата како знак на слабост од Лукашенко.

Лидерот на опозицијата Светлана Тихановска на 10 октомври изјави дека Лукашенко „го призна постоењето на политички затвореници кои ги нарекуваше криминалци“. Но, таа рече: „Не можете да водите дијалог во затворската ќелија“. (Според агенциите)