Белорусија издаде потерница за Тихановска


елорусија издаде меѓународна потерница за Светлана Тихановска, претседателски кандидат на изборите одржани во август годинава, под обвиненија дека повикала да се наштети на белоруската национална безбедност, изјави денеска за агенцијата ТАСС извор од судството во Минск.

Според него, „станува збор за повреда според членот 361 од Кривичниот законик на Белорусија (повици за постапување против државни агенции и институции)“.

Белорусија претходно издаде потерница за апсење, која важи и во Русија, поради билатералниот договор што го имаат овие две земји.

На 9 август, Изборната комисија на Белорусија соопшти дека Александар Лукашенко освоил 80,10 проценти од гласовите, а Тихановска 10,12 проценти.

Таа одби да ги прифати резултатите, сметајќи ги наместени, па истиот ден ја напушти Белорусија и замина во соседна Литванија.