Белорусија има 40.000 заразени, а се однесува како ништо да не се случува


Волонтери носат заштитна опрема во болниците

Белорусија, наречена „последната диктатура во Европа“ од страна на некои набљудувачи, не направи речиси никакви промени во секојдневниот за да се прилагоди на пандемијата од Ковид-19.

Белорусија нема официјален одговор од почетокот на пандемијата, при што Александар Лукашенко, кој е претседател од 1995 година, постојано ја оспорува сериозноста на вирусот. Земјата ги игнорираше упорните повици на Светската здравствена организација за спроведување на социјални дистанцирања и забрана за масовни настани и ја одржа големата воена парада во главниот град Минск на 9 мај. Претседателските избори се закажани за 9 август, а кандидатите водат кампања како да е сѐ нормално.

Во петокот, Министерството за здравство објави 906 нови потврдени случаи на корона вирус, со што го вкупниот број во земјата од 9,5 милиони жители порасна на 40.765, пренесува руската новинска агенција Тасс. Дневниот број на починати беше пет.

Претходно оваа недела, француската новинска агенција АФП, објави дека волонтерски групи носеле заштитна опрема во болниците. Нејзиниот известувач се сретнал со групата наречена ByCovid1, која носела вреќи со заштитни костуми и маски за лице, финансирани од донации, во болница во малиот град Червјен, околу 70 километри западно од Минск.

Еден од координаторите, Андреј Ткачев, за АФП изјави дека вистинската скала на епидемијата може да биде многу поголема. „За жал, статистиката од болниците е многу депресивна. И таа е различна од она што се објавува официјално: таа е многу полоша“, рече тој.