Белгиски функционер ја збесна ЕУ, тврди дека нејзините службеници рутински земаат дрога


Еврократите не се корисници на дрога! Со овие зборови претседателот на Европскиот совет  Шарл Мишел ги искритикува „неприфатливите“ забелешки на шефот за планирање на Брисел,
Паскал Смет, кој  тврди дека службениците на ЕУ рутински консумираат недозволени супстанции.

Осудата на Мишел за коментарите на Смет дојде како одговор на отвореното писмо на најголемиот синдикат што ги претставува службениците на ЕУ го повика „да реагира на нападот“. Синдикатот тврди дека, како буџетски орган одговорен за градежната политика на институцијата, должност на претседателот на Советот е „да го брани угледот, работата и честа на претставниците на ЕУ“.

Забелешките на Смет, бриселскиот државен секретар за урбанизам, „се неприфатливи“, изјави за Политико Барен Лејтс, портпарол на Мишел. „Претседателот Мишел бара почит за сите мажи и жени во служба на Европската унија, особено во овие многу предизвикувачки меѓународни времиња“.

Политико  откри дека Смет тврдел дека „многу луѓе кои работат за европските институции земаат дрога“ за време на состанокот зад затворени врати со Канцеларијата за инфраструктура и логистика на Европската комисија во Брисел (ОИБ) во јануари. Коментарите на регионалниот политичар имаа за цел да го исмеат лажниот бес на државните службеници на ЕУ кои изразија сомневање во плановите на Европската комисија да премести неколку агенции од квартот на ЕУ во посиромашниот северен кварт во Брисел, кој има репутација за криминал и употреба на дрога. За време на состанокот, Смет имплицираше дека во квартот на ЕУ се случува многу конзумација на дрога, па дури и сугерираше дека кокаинот е популарна дрога меѓу вработените во ЕУ, велејќи дека „и во Шуман продаваат дрога… и веројатно не истата со тие што се користат во северниот кварт, но веројатно малку побела“.

Минатиот петок, сите синдикати кои ги претставуваат работниците во институциите на ЕУ испратија писмо до комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан, барајќид Смет да ги повлече своите „неподносливи“ коментари.Портпаролот на Комисијата одби да појасни дали Хан реагирал на писмото, велејќи дека институцијата „не коментира дополнително за внатрешните состаноци“. Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, која доби слично писмо од синдикатите, исто така одби да ја коментира контроверзноста.

Претседателот на синдикатот Кристијано Себастиани рече дека, покрај извинувањето на навредените државни службеници, Смет треба да биде потранспарентен во врска со плановите шест агенции на ЕУ ќе бидат преместени во северниот кварт. Синдикатите инсистираат на тоа дека шемата за преместување е нетранспарентна  и бараат повеќе информации за да се утврди дали овој потег има финансиска смисла. Но, други веруваат дека регионалниот политичар треба да се соочи со посериозни последици. Европратеничката Ева-Марија Попчева, шпанска членка на групата Renew, викендов побара од политичарот „да се извини и да поднесе оставка“.

„Ние, во ЕП нема да прифатиме такви навреди на европската  служба  која напорно работи  во корист на нејзините граѓани“, напиша Попчева на Твитер. „Наместо тоа треба да ги посветите вашите напори за да го направитеБрисел побезбеден за сите“. (Политико)