Белгиската полиција уапси осум лица осомничени за планирање терористички напади


Полицијата во Белгија уапси 8 лица во рамки на две истраги под сомнение дека планирале терористички напади.

Како што соопшти денеска федералното обвинителство, во оваа фаза не се утврдени потенцијалните цели.

Апсењата се одвивале синоќа во повеќе делови на Белгија, вклучително и во регионот на Брисел.

Според извори во правосудството, уапсени се „многу млади радикализирани лица“ од џихадистичкото движење.

Во двата случаја, кои се поврзани, се работи за планиран напад.

Белгија беше цел на терористички напад на 22 март 2016 година, кога во самоубиствен напад на аеродромот и метрото во Брисел загинаа 32 лица.