Белгиската полиција уапси лице кое се вратило од патување во Македонија и не ги почитувало санитарните прописи

 Белгиската полиција уапсила еден вработен во фирма од Хаалтерт, кој бил во посета на Македонија и се вратил на работа без да ги почитува санитарните прописи за Ковид -19 кои се во сила во Белгија, јави дописникот на МИА.

-Лицето беше веднаш уапсено и ставено во карантин, соопшти градоначалникот Верле Баејенс.

Според градоначалникот на Хаалтерт, работникот не го пополнил формуларот по неговото враќање од Македонија која е во црвената зона на Ковид-19, и не ја почитувал обврската да се стави во задолжителен карантин. Постапката на полицијата според него е брза и соодветна.

-Лицето беше тестирано  и резултатите ќе бидат познати во текот на денот. Во зависност од нив, ќе бидат преземени и мерки во претпријатието, додаде градоначалникот.

Преторијатието и вработените беа информирани за настанот, а несовесниот работник, ризикува и парична казна за непочитување на мерките против Ковид-19.