Белгијци заталкале и влегле во дворот на Генералштабот на АРМ


 

Во саботата, во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.Л.(24) и Р.Р.Г.(27), двајцата од Белгија, влегле во дворот на Генералштабот на Армијата на улица „Орце Николов“.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и лицата изјавиле дека заталкале и ја прескокнале оградата. Се работи на расчистување на случајот.