Белгија ќе покани 120.000 млади лица да се пријават за доброволна воена служба

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен најави дека наесен ќе испрати 120.000 лични писма до белгиските младинци кои наскоро ќе наполнат 18 години, повикувајќи ги да се пријават за доброволна воена служба.
Во интервју за еден локален медиум, тој истакна дека има само 500 слободни места, но има уште многу кои сакаат да аплицираат.
Министерот во одговор на прашање дали може да се очекува враќање на задолжителниот воен рок во земјава, истакна дека тоа не е предвидено во коалицискиот договор за владата. Тој на шега додаде дека би поддржал таков чекор „ако Русите веќе беа тука“.
Белгија го укина регрутирањето во 1995 година и со тоа стана првата земја од ЕУ која направи ваков чекор по 165 години задолжителни касарни.
Франкен претходно оваа недела прецизираше дека на волонтерите ќе им се плаќа околу 2.000 евра месечно. Пред да ѝ се приклучат на армијата, ќе поминат низ процедура за проценка на менталната и физичката подготвеност, а процесот на селекција се очекува да заврши до септември следната година.