Белата куќа: Погрешна е одлуката на ОПЕК+ да го намали производството на нафта


 

Одлуката на ОПЕК+ да го намали производството на нафта за два милиона барели дневно јасно покажува дека тие земји и угодуваат на Русија, изјави синоќа Карин Жан-Пјер, портпаролка на Белата куќа. Според неа, одлуката е „грешка“.

Белата куќа излезе со специјална изјава за одлуката на ОПЕК+.

„Претседателот Бајден е разочаран од кратковидното решение на ОПЕК+ да ги намали квотите за производство на нафта, во време кога светската економија се судира со продолжителните негативни последици од инвазијата на Путин во Украина. Во време кога стабилноста на глобалното снабдување со енергија е од клучно значење, одлуката на ОПЕК+ посебно ќе предизвика уште понегативно влијание кај државите со низок и среден животен стандард, кои се уште страдаат од зголемување на цените на енергенсите, соопштија од Белата куќа.