Бела куќа: Трамп спаси 3-4 милиони луѓе од новиот коронавирус


Со пристапот кон пандемијата на коронавирусот, американскиот претседател Доналд Трамп спаси животи на 3-4 милиони луѓе, соопшти Белата куќа во време кога бројот на заразени во САД продолжува нагло да расте, јави ДПА.

Портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенјани ги бранеше одлуките од претходно оваа година да се затвори економијата за борба против коронавирусот.

– Тоа беше вистинската одлука. Претседателот спаси 3-4 милиони животи, рече таа на брифингот без да цитира извор.

Според неа, „важно е да се забележи и другата страна на здравствениот приод за тоа што предизвикува пролонгиран карантини кај Американците“, истакнувајќи за намалување на откриени случаи со карцином.