Бела куќа: Не можеме да потврдиме дали во авионот имало украински воени затвореници


 Белата куќа не може да ги потврди тврдењата дека во соборениот руски товарен авион се наоѓале украински воени затвореници.

-Знаеме за тврдењата дека украински воени затвореници биле во рускиот авион Ил-76 што на 24 јануари се урна во Белгородска област, но не сме во позиција да го потврдиме тоа, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност.

-Очигледно правиме сè што можеме да дојдеме до појасна слика и повеќе информации за ова, изјави Кирби.