Бела куќа: Хоспитализиран помладиот брат на Доналд Трамп


Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт е хоспитализиран во Њујорк, соопшти денеска Белата куќа без да даде други детали.

Портпаролот на Белата куќа Џуд Дир потврди дека помладиот брат на Трамп е во болница.

Претседателот се очекува да го посети неговиот брат во текот на денот, додаде портпаролот.

Еј-Би-Си јави дека Роберт Трамп бил „многу болен“, повикувајќи се на неименувани извори.

Не е познато за која болест станува збор.