Бел ангел за Денот на независноста: Меланија знае да избере што е најскапо


САД-  Независно од политиката на претседателот Доналд Трамп, неспорно е дека првата дама на Америка, Меланија Трамп негува дамски, достоинствен и префинет имиџ.

Иако поради политичките гледишта на нејзиниот сопруг, беше опструирана од добар дел од светски познатите дизајнери, сепак таа изнајде формула како да се избори за својот статус на икона на стилот во модниот свет.

Елеганцијата и грациозноста секогаш стојат како предзнак на нејзиниот стил, во кој речиси никогаш не можете да најдете мана.

Меланија Трамп во ланско издание

За настаните на Денот на независноста колку што Трамп испрати заканувачки пораки, толку првата дама изгледаше како ангел покрај него, во бели фустан. За средишниот настан избра бел фустан со ниски бели балетанки со едноставен украс-кафен ремен, а за обраќањето на Трамп под планината Рашмор , Меланија избра бел фустан на Александар Меквин од 2.400 долари и високи чевли на Лубутан. Скапиот фустан предизвика бура на негодување на социјалните мрежи.