Бектеши со директорите на ЕСМ и НЕР в четврток во Турција


 

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и со директорот на НЕР, Бајрам Реџепи в четврток ќе престојува во посета на Турција.

– Ќе се разговара главно во секторот енергетика. Дали ќе има нешто конкретно, ќе информираме откако ќе се вратиме, изјави денеска министерот Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со поглаварот на Исламската верска заедница.

Во тек се преговорите за цената на струјата што треба да ја добиеме од Бугарија, а со Грција е договорено Северна Македонија непречено да се снабдува со лигнит, јаглен и мазут.