Бектеши останува во притвор, реши Апелациониот суд


Фото: Б. Грданоски

Апелациониот суд во Штип ги одби како неосновани жалбите на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, и ексградоначалниците на Кочани, Николчо Илијев и Ратко Димитровски, со што Бектеши останува во притвор, а Илијев и Димитровски во куќен притвор. Тројцата се осомничени во истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 61 лице.

Во притвор останува и поранешната државна секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ Дуровиќ која ставила потпис на втората лиценца за вршење на угостителска дејност на дискотетката.

Судот постапуваше по 8 жалби од кои само една прифатена каде мерката од куќен притвор се приначува со мерки на претпазливост за еден од осомничените, инспектор во Државниот пазарен инспекторат од Виница.