Бектеши најави нови инвестиции во Гостивар и 500 работни места


Министерот за економија Крешник Бектеши најави започнување на неколку нови инвестиции во гостиварскиот регион. Едната е фабрика која ќе пакува вода, а другата ќе произведува прехранбени продукти и ќе вработи над триста лица. Тој денес присуствуваше на почетокот на градежните работи на новата фабрика на компанијата „Алмеро“,  која инвестира во нов капацитет и планира да отвори 200 нови работни места.
„Оваа инвестиција кореспондира со мерките на владата кои ги реализиравме минатата година и новите мерки кои ги најавивме се со цел да им излеземе во пресрет на компаниите во реализација на нивните инвестиции. Така, директно им излегуваме во пресрет на компаниите за да ја зголемат конкурентноста иновативноста и да креираме нови работни места. На овој начин ќе овозможиме и зголемување на извозот што од друга страна пак индиректно влијае и врз малите и микропретпријатија кои пружаат услуги на поголемите компании“, рече Бектеши.

Тој додаде дека уште наредниот месец ќе имаме можност да учествуваме во почеток на инвестиции и на нови две компании – новиот погон за производство на флаширана вода на компанијата „Делфина“ која ги доби и сите дозволи ќе биде во село Чеграни, а другата за производство на различни производи за храна на компанијата „Дела Нона“.

Бектеши се осврна на поддршката на компаниите од гостиварскиот регион која државата ја пружи минатата година и напомена дека поддржани се компании од Гостивар кои имаат инвестиции од околиу 5 милиони евра.