Бектеши на Министерски состанок на Енергетската заедница во Виена


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на 20. Министерски состанок на Енергетска заедница кој се одржува во Виена.

Со состанокот ќе преседава Герман Галушченко, министер за енергетика на Украина како земја преседавач со Енергетската заедница, а собраќање ќе има и Кадри Симсон, еврокомесар за енергетика на Европската Унија.

На состанокот ќе се дискутира за повеќе теми од енергетиката, кои се опфатени со Договорот за основање на Енергетската заедница. Главна точка на разговор помеѓу министерите за енергетика ќе биде енергетската криза и безбедност во снабдувањето со енергенси, соопшти Министерството за економија.