Бектеши ги кани на средба во недела претседателите на трите стопански комори


Министерот за економија Крешник Бектеши ги кани претседателите на трите најголеми стопански комори во земјава на ссредба во недела во 11 часот.
Бектеши вечерва на „Фејсбук“ напиша дека ставовите и мислењата на бизнис заедницата се приоритет и дека Министерството за економија секогаш е отворено за соработка со сите стопански комори особено кога се работи за мерки кои се во интерес на компаниите и граѓаните.
– Во врска со последната Одлука која по предлог на Министерството за економија ја донесе Владата, а беше на барање на стопанските комори за замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, сакам да ги поканам претседателите на трите најголеми комори, господинот Бранко Азески од Стопанската комора на Македонија, господинот Трајан Ангеловски од Сојузот на стопански комори и господинот Неби Хоџа од Стопанската комора на Северопзападна Македонија на состанок во Министерството за економија во недела во 11 часот, стои во објавата на Бектеши на „Фејсбук“.