Бектеши до „Инфомакс“: Засрамете се!


Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил објави дека е лажна веста што ја објавија некои медиуми дека камиони со македонска пченица се извезуваат во Косово и дека државата има резерви за само 26 дена.

-Сакам да им порачам на сите вакви медиуми што шират лажни вести да се засрамат, посебно во ваква кризна ситуација предизвикана од корона вирусот, порача Бектеши објавувајќи принт скрин од веста на „Инфомакс“.

Тој апелира до сите граѓани дека државата има доволно резерви на пченица и на брашно, а дополнително тоа е и одлуката за забрана за извоз во други земји, чие спроведување се контролира од инспекции на терен.

Тој потсети исто така дека објавувањето лажни вести е казниво по закон и ги повика медиумите да не предизвикуваат паника кај граѓаните.