Бејл се смееше додека Атлетико го понижуваше Реал


Бизарна ситуација. Реал Мадрид е декласиран со 7:3 од својот градски ривал Атлетико Мадрид на американската турнеја. Герет Бејл веројатно го забележа последниот настап за „кралевите“. Следи селидба во Кина, па некогашниот играч на Тотенхем потполно опуштено го следеше мечот и канонадата на Атлетико. Делуваше како прилично добро да се забавува. Сето тоа го внимателно го следеше и Зидан, кој при резултат од 6:1 реши да се реваншира и да го внесе во игра. Секако како одговор доби ноншалантност. Бејл дури и на теренот се смееше и не го сфати сериозно дебаклот на клубот кој потполно го отфрли, иако беше херој на минатогодишното финале на Лигата на шампиони.
„Кралевите“ како ретко кога буквално беа збришани, а дури четири погодоци за Атлетико постигна Диего Коста.
На полувремето Зидан имаше големи главоболки затоа што противникот веќе го имаше „почестено“ со пет голови. Во вториот дел Реал успеа да постигне три, а Атлетико „само“ уште два.
Освен Коста, стрелци за клубот предводен од Диего Симеоне беа и новата ѕвезда Жоао Феликс, Анхел Кореа и Витоло, додека кај Реал Мадрид поентираа Начо, Бензема и Хавиер Санчез.