„Бејби Бум” во Зоолошка во Скопје


Во Зоолошката градинка во Скопје овие денови се роди ново бебе од видот хималајски тар.
 
-Овие денови нашата страница повеќе личи како профил на некоја јасли група во градинка , но навистина имаме „Бејби Бум” во Скопје ЗОО. Ова е нашето ново бебе од видот хималајски тар, објавија денеска од Зоолошката градинка на својата фејсбук страница.

Од Зоолошка градина Скопје вчера на нивниот фејсбук-профил соопштија дека се родило бебе – двогрба камила.

– За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела.
Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе, наведоа од Зоолошка градина Скопје.

Во текот на изминатата недела во Зоолошката градина се родија и лама и лемур, а претходно се родија лавчиња.