Бебе од Прилеп починало при транспорт со Брза помош до скопските клиники

Бебе починало додека било транспортирано со возило на Итната медицинска помош од Прилеп кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти СВР Битола. Случајот во полиција бил пријавен вчера.
Бебето во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го однела мајката Ф. Ј. (34), по што било транспортирано за Скопје.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција, велат од СВР Битола.