Базенот во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ промовиран пред нецел месец, никогаш не ни проработел?

Базенот во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во скопска Кисела Вода што беше помпезно промовиран пред помалку од еден месец, не работи. Вака барем тврди нашиот познат музичар Горазд Чаповски кој денеска на Фејсбук објави дека сликата е „хорор“.
„Отидов денес да пливам во новиот базен во Кисела Вода. Ретките вработени во училиштето ‘Н.Г.Дуња’ ми рекоа дека базенТот никогаш не ни проработел. Зирнав низ прозорците, а сликата внатре беше хорор – цевки, ѓубриња, жабокречина… А, бе Орце, испушти ја барем водата, може и крокодили ќе се населат…“, пишува Чаповски.

При сликањето за медиумите, градоначалникот Ѓорѓиевски, меѓу другото рече дека базенот ќе биде на располагање најпрво за децата од основните училишта во Кисела Вода, а потоа ќе биде отворен и за граѓаните и за пливачките клубови што ќе изразат интерес за тоа.
На истата тема:
Базенот во ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ е длабок само 120 см