Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/batler.jpg)
Најдобриот играч на Мајами хит ќе ги напушти „жешките“ и кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт вориорс.
Според НБА-инсајдерот Шамс Чаранија, Мајами го финализира договорот за трансфер на нивниот напаѓач.
Во замена, Хит ќе ги добие Ендрју Вигинс (од Голден Стејт) и Пи Џеј Такер (од Јута), како и пик од топ-10 од првата рунда на драфтот во 2025 година.
Трета страна во зделката ќе биде Детроит, кој ќе ги добие договорите на Линди Вотерс (од Голден Стејт) и Џош Ричардсон (од Мајами).
Јута ќе го добие Денис Шредер (од Голден Стејт).