Баша му одговори на Рама: Ни чекор назад, демократијата не ја даваме


Лидерот на Демократската партија, која ја преводи обединетата албанска опозиција, Љуљзим Баша, изјави дека неговата коалиција нема да направи ни чекор назад се до победата на битката за Албанија како цела Европа.

Тоа Баша го напиша на  Фејсбук, откако премиерот Еди Рама го испрати петтото јавно писмо до него за дијалог.

-Ние сме народ на Европа, ние сме народ на слободата, ние сме народ на демократијата. Ние сме луѓе кои веруваат во вредности, веруваат во човековото достоинство, веруваат во семејството, веруваат во татковината, напиша Баша.

Постирајќи 42 фотографи од синоќешниот голем протест на опозицијата  Баша  додава дека битката за демократија и слобода „е најголема и најблагородна битка на еден слободен човек”.

-Демократија не ја даваме, од нашите права и слободи не се откажуваме. Битката за нив е најголемата и најблагородна мисија на слободниот човек. Битката со злото, го ослободува и облагородува нашето општество и нација. Нашата сила е единство, нашата сила е отпор, нашата сила е соочуваме се до победа на оваа битка за Албанија како цела Европа. Нема чекор назад,му порача Баша преку фејсбук на премиерот Рама.

Во петтото писмо упатеното до Баша, Рама, меѓу другото, синоќешниот протест на опозицијата го оценува како чекор назад, го повторува предлогот за дијалог без условувања и му порачува  „повеќе да не се лаже самиот себеси, зашто времето истекува а потонувањето на опозицискиот брод само што почнало“.