Бартомеу: Го сакавме Погба додека играше во Јуве, но немавме пари


Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу, откри дека во 2015 година клубот бил заинтересиран за Пол Погба. Година подоцна, меѓутоа тој се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед за рекордни 105 милиони евра и токму сумата ги откажало каталонците од сличен трансфер.

– Во летото 2015 година, Пол Погба играше во Торино и му рековме на Јуве дека ако еден ден одлучат да го продадат, ќе бидеме заинтересирани. Кога го продаваа, ни кажаа каква понуда тие очекуваат, но не можевме да си го дозволиме тој износ во тоа време. Значи тој отиде во Јунајтед, што ги прави подобар тим, бидејќи во моментов е една од ѕвездите на светскиот фудбал, изјави Бартомеу за ЕСПН.,

Тој не го криеше и своето восхитување од „црвените ѓаволи“.

– Она што треба да кажам е дека во текот на последните неколку години Јунајтед имаат изградено многу добра група играчи. Сигурен сум дека следната сезона ќе бидат кандидати за титулата во Премиер Лигата и оваа година за Лигата на шампионите, додаде шефот на Барса.