Барселона со службена понуда до Бетис за Фирпo


Барселона испрати службена понуда за левиот бек на Реал Бетис Hуниор Фирпo.

Како што пишува каталонскиот „Спорт“, Барсa му нуди на клубот од Севиља меѓу 15 и 20 милиони евра за 22-годишниот фудбалер.

Фудбалерот роден во Доминиканската Република дебитираше во дресот на Бетис минатата година, но за кратко време стана стандарден играч во првиот тим со 43 настапи.

Доаѓањето на Фирпo може дополнително да ги комплицира работите за Барселона поради откупната  клаузула од 50 милиони евра, која Хуниор ја има во договорот со Бетис, а кој трае до 2023 година.