Барселона само еднаш била поразена поубедливо


Дебакл како синоќешниот кога Барселона загуби со 8:2 против Баерн Минхен во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампиони не се памети во поновата историја на славниот шпански клуб

Фудбалерите на Барселона нема да ја паметат добро сезоната 2019/20.

Откако ја загубија трката за шампион на Шпанија со Реал во Примера, и покрај тоа што тие беа лидери за добар дел од сезоната, елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите дополнително ги зачинија и онака лошите односи околу и во рамките на самиот клуб.

До синоќа немаше клуб кој примил осум гола во елиминациската фаза од Лигата на шампионите, како што му се случи на каталонскиот клуб против Баерн (8: 2).

Одредени измени се веќе подготвени на „Ноу Камп“, а поразот што го претрпеа во Лисабон ќе остане запишан со црни букви во клубската историја.

Клубот, основан пред повеќе од еден век и со историјата полна со трофеи и успеси, само еднаш беше поубедливо поразен. Уште во 1940 година, Севиља им го нанесе најтешкиот пораз на Каталонците во домашното првенство, кога ги поразија со дури 11: 1.

Пораз идентичен со синоќешниот, на Барселона ѝ го нанесе најголемиот ривал, Реал Мадрид, исто така во Примера, а овој натпревар се одигра во 1935 година.

Баерн Минхен е вистински џелат за екипата од „Ноу Камп“, затоа што Шпанците сè уште не им се одмаздија на Баварците за оние 7: 0 (3: 0 и 4: 0) во дуелот од Лигата на шампионите одигран во 2013 година. Од денешниот состав на Баварците во тој тим играа Мануел Ноер и Томас Милер, кој постигна вкупно три гола, а тој исто така беше меѓу стрелците синоќа.

Барселона нема многу натпревари за заборав, а два за кои нивните навивачи не ги паметат по убаво, се оној против Милан од 1994 година, кога примија четири гола, без да постигнат тие, и поразот од Ливерпул во полуфиналето на ЛШ минатата сезона со идентичен резултат.

https://youtu.be/n4Mze8xD644?t=372