Барселона размислува за изненадувачки трансфер удар со привлекувањето на Озил

Екипата на Барселона размислува за изненадувачки трансфер удар со привлекувањето на германскиот плејмејкер на Арсенал, Месут Озил, пишуваат во Шпанија.

Озил така и не успеа да најде место во стартниот тим на Унаи Емери, откако премногу често останува на клупа или воопшто не се наоѓа во групата на лондонскиот тим.

Барселона ги привлече Антоан Гризман и Френки Де Јонг во текот на летото, но раководството на Каталонците е подготвено да го ангажира Озил преку зимскиот преоден рок. Самиот Германец се согласува со оваа идеја.

Напаѓачот од средниот ред се смета за привремена замена на Усман Дембеле. Барселона веќе бара купувачи за францускиот напаѓач, бидејќи тренерскиот персонал не ги смета настапите на Дембеле за доволно професионални надвор од теренот.