Барселона прв финалист на ракометниот Ф4


Ракометарите на Барселона ќе играат во финалето на завршниот „фајнал фор“ турнир во Келн, откако вечерва во полуфиналето го совлада Пари Сен-Жермен со 37:32.

Каталонците ги искористија проблемите со повреди во тимот предводен од Раул Гонзалес и веќе по првото полувреме создадоа видлива предност (18:14), која рутински ја задржаа во вторите 30 минути.

Во второто полуфинале вечерва играат Кил и Веспрем.