Барселона повторно на врвот во Ла Лига

Тренерот на Барселона, Ханс Флик, изрази задоволство од настапот на неговиот тим и победата во натпреварот од 24. коло на шпанскиот шампионат синоќа против Рајо Ваљекано (1:0).
-Среќни сме, на врвот сме во Ла Лига. Ова е многу важно и за тимот и за навивачите. Реков дека ќе се бориме до крај, и тоа го правиме. Рајо нема пораз девет натпревари по ред, па победата е голем успех. Одигравме добро, но можеме да бидеме уште подобри, изјави Флик за „Barca Universal“.
По овој натпревар Барселона е на првото место на првенствената табела со 51 бод, исто колку и Реал Мадрид кој е на второто место. Рајо Ваљекано е на шестото место со 35 бодови.
Каталонскиот клуб сезонава игра добро и во Лигата на шампионите каде како второпласирана по првата фаза избори директен пласман во осминафиналето.