Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација, судот одлучува за голот на Јамал


Барселона не дозволува да стивне бурата по Ел Класико во кое Реал победи со 3:2.
„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал се уште е тема на шпанските медиуми. Барселона не престанува да зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето гол технологија и „злоупотреба на ВАР системот“.

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта, најави дека Барселона со сите сили ќе ја испита ситуацијата и ќе утврди дали се работи за гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение за оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР просторијата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал кој не беше признат за гол.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му даде на клубот комплетна снимка од комуникацијата меѓу судијата и ВАР-собата, а Каталонците сега сакаат да ја добијат преку суд.

Лапорта тврди дека доколку се утврди дека Барселона е оштетена, ќе бара повторување на натпреварот.