Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути


Во среда во Битола гостува повеќекратниот европски шампион Барселона. Екипата на Еурофарм Пелистер е домаќин на каталонскиот клуб во натпревар од Лигата на шампионите во ракомет.

Влезниците за овој натпревар беа распродадени за само осум минути, што значи дека Барселона во Битола во салата „Боро Чурлевски“ ќе игра во „пеколна атмосфера“.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Барселона се игра во среда, а почетокот е во 20:45 часот.