Барселона ја совлада Севиља и му побегна на Реал Мадрид на осум бода предност


 

Фудбалерите на Барселона го искористија киксот на Реал Мадрид и со убедлива победа од 3-0 против Севиља му побегнаа на „кралскиот клуб“ со осум бодови разлика.

Во првиот натпревар во неделата фудбалерите на Реал Мајорка направија големо изненадување совладувајќи го Реал Мадрид со 1-0. Мајорка на тој начин обезбеди можност Барса да избега на осум бода предност, што Каталонците ја искористија.

Севиља добро се држеше во првото полувреме, но потоа Барса постигна три гола за сигурни три бода. Стрелци беа Жорди Алба (38), Гави (70) и Рафина (79).

За разлика од Барселона, Реал Сосиедад не го искористи поразот на Реал, туку забележа пораз на домашен терен од Реал Ваљадолид. Голот на Сајл Ларин во 74. минута им донесе три бода на гостите.

На табелата води Барселона со 53 бодови, Реал Мадрид има 45, Реал Сосиедад 39, а Атлетико Мадрид 35 бодови.

Севиља падна на 16. место со 21 бод, два повеќе од зоната за испаѓање.