Барселона им порача на жителите да останат дома


Властите во Барселона денеска им порачаа на жителите да останат дома и да не се собираат во групи од повеќе од 10 лица за да се спречи ширењето на корона вирусот.

–  Препорачуваме луѓето да не се движат многу, освен ако е неопходно. Многу е важно да се почитуваат овие мерки затоа што тоа е најдобриот начин да се избегне целосно затворање на градот, рече секретарката за здравство на Каталонија, Алба Вергес.

На жителите на Барселона им се препорачува да купуваат преку Интернет, како и да ги ограничат културните и спортските настани. Музеите и натаму остануваат отворени.

Барселона е втор по големина шпански град со 1,6 милиони жители, но од минатата недела заедно со соседниот град Арагон се со најголемо зголемување на бројот на нови случаи на вирусот Ковид-19.

Од почетокот на епидемијата на корона вирус, Шпанија е една од најпогодените земји, со околу 28.000 смртни случаи.

Од укинувањето на карантинот на 21 јуни, во земјата се појавија повеќе од 170 кластери, што ги натера локалните власти да воведат ограничувања.